Објавено на:

Загрижен сум за се што може да се случи во иднина, вели Вучиќ

t

Српкиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост по најавата за утрешните конститутивните седници во Северна Митровица, согласно изборите кои беа бојкотирани од србите на Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.

Запрашан за ситуацијата на северот на Косово, тој изјави дека утре во Северна Митровица ќе се одржат конститутивни седници за три општини, „за да изаберат лажни градоначалници за тие општини, што го поддржаа земјите од Квинта, на најлажните избори.“

Вчера разговарав со Дерек Шоле, Габриел Ескобар и Кристофер Хил. Ситуацијата на северот на Косово е многу тешка. Барам од Србите да го сочуваат мирот, рече тој и додаде дека „се прави атмосфера со која србите би ги напуштиле своите домови“.

Како што рече, може да порача дека „ние ќе бидеме со нив, ќе се бориме заедно за нашиот народ за да опстане“.

Загрижен сум и за утрешниот ден и за сето она што следува после тој утрешен ден, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…