Објавено на:

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

t

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот…

Поради врнежи од снег, на патниот правец…

За 10 години 6500 граѓани на Албанија…

Стапката на иселување на албанските државјани во…

„Ми одекнуваат зборовите од Онкологија во Скопје,…

Мој прв братучед…почина од рак!Мој стрико…почина од…

(Видео) БТВ од терен ги потврди информациите…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и…

Се бараат предвремени избори во Турција!

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција,…