Објавено на:

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

t

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во куќа во Карпош

Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…

Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…

Гласачи од дијаспората дошле со авион за…

Почина Самка Ибраимовски

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…

Русија концентрирала десетици илјади војници на запорошкиот…

Руските сили концентрирале десетици илјади војници и…