Заев: И Македонците и Грците сме Европејци

t

„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и Грција, се дел од заедничкиот, европски систем на вредности на мир, демократија, владеење на право, слобода во сите форми, еднаквост меѓу нациите, човечко достоинство и солидарност. Европското семејство не знае за затоврање граници и градење ѕидови. Европа е противник на ксенофобијата“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека демократиите реагираат на проблемите и нудат решенија и затоа е европски да се почитува и имплементира Договорот од Преспа.

„Целиот демократски свет, нашите заеднички пријатели, партнери и поддржувачи кажаа дека овој договор е чекор со кој двете земји можат да излезат од минатото и да зачекорат во иднината. Затоа го повикувам лидерството во ддвете земји да покажат одговорност кон граѓаните и кон државите. Ги повикувам да го почитуваат тоа што го кажуваат. Ако велат дека Договорот од Преспа е реалност и дека ќе го почитуваат, тогаш да почнат да го спроведуваат во пракса, бидејќи тој се почитува само со акција“ рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека тој и Алексис Ципрас презеле одговорност за решавање на проблемот и ја платиле политичката цена за тоа, но сега почитувањето на договорот е полесниот дел и одговорен за иднината на граѓаните и државите.

„Ајде да градиме мостови и пријателства меѓу двете земји. Да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои креираат блокади. Добрососедските односи и регионалната соработка треба да остане заеднички приоритет“ рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…

(Видео) Ново видео од пцовките на Даку…

По обидот за извинување од страна на…

Заев: И Македонците и Грците сме Европејци

„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и…

(Видео) Грчки пратеник: Македонците од „Северна„ Македонија…

Пратеникот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Теофилос…

Васил Стерјовски се сретна со Македонците во…

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија,…