Заев: Мицкоски и Силјановска треба да го почитуваат Уставот, Преспанскиот договор и законите

t

Претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат, изјави поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

– Непочитувањето носи одговорност но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската унија, со САД и ОН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на Македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија. Апелирам до нив да се тргнат од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните.
Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува, или како влада презема чекори за нивно поништување или менување. Впрочем, Мицкоски и претседателката Силјановска Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ, вели Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…