Заев ќе го менува Ковачевски, па Мицкоски ќе прави коалиција со него потврди Александар Николоски

t

Мицкоски се подготвува за широка коалиција со СДСМ (Зоран Заев), потврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за Слободен печат пред неколку денови.

Николоски вели дека не е можна коалиција со ДУИ, но дека “не ни е туѓа идејата за широка коалиција со СДСМ”, бидејќи според нив народот тоа го сакал и барал.

-Во однос на коалицискиот капацитет, мислам дека изборниот резултат ќе биде таков да ќе има многу желби за коалиција со нас. ДУИ е најмалку посакуван партнер, особено ова раководство на ДУИ не доаѓа предвид затоа што се крајно корумпирани и криминализирани, така што доколку сме во позиција да бираме, а мислам дека ќе сме, тогаш би соработувале со она што сега се нарекува албанска опозиција, вели Николоски.

Запрашан за можна коалиција со СДСМ, Николоски вели:

-Во однос на тоа прашање македонскиот народ ако го прашате не е многу против. Често луѓето нас ни велат зошто не седнете и се обедините, за одредени прашања можеби треба да седнеме и да разговараме, не ни е нас тоа некоја туѓа идеја.

План за “воскреснување” на Заев

Ваквите изјави за наводните “барања на народот за обединување” на двете партии служат како подготовка за широка коалиција, која според информациите на Инфомакс се договара но не со актуелниот премиер, туку со пријателот на Мицкоски, Зоран Заев.

Планот кој двајцата пријатели го ковале, а би требало да го “воскресне” Заев на политичката сцена би значело пораз, макар и тесен пораз на СДСМ на следните избори, оставка на Димитар Ковачевски од лидерската функција во партијата и враќање на Зоран Заев на позицијата претседател на партијата.

По промена на лидерската позиција во СДСМ би следувало ваквото “обединување” кое неформалните коалициски партнери го договориле, а го искористуваат народот како алиби за “помирувањето” кое следува.

По таквото помирување секако ќе исчезнат сите криминали на Заев за кои пред неколку години зборуваше Мицкоски, во времето кога веројатно Заев или некој друг не го “држел во рака”, во времето кога партијата имала коалиционен капацитет кој не го вклучува СДСМ, во времето кога Заев бараше и нарачуваше политички прогон на луѓето кои Мицкоски сега ги искористува за со по некоја фотографија да го зголеми својот рејтинг кој никако да порасне…

И веројатно веќе е јасно зошто се задушија протестите за Францускиот предлог, зошто се изгласаа измените во Кривичниот законик со кој од евентуален прогон се амнестира токму Заев, зошто се изгласа Деловник кој ја убива опозицијата…

Можеби затоа што планот на коалицијата е заедничко и сложно владеење на Мицкоски и Заев, па опозиција нема да им треба ниту на едниот, ниту на другиот…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…