„Заканите почнаа да се реализираат“ – Реакции по нападот на редакцијата на Инфомакс

t

Колеги новинари, политичари и граѓани пстрп реагираат по вечерашниов физички напад на редакцијата на Инфомакс.

– Вечерва е извршен брутален физички напад во редакцијата на @InfomaxMk Заканите кои поодамна ги добива оваа редакција почнаа да се реализираат, напиша колегата Борјан Јовановски.

– Вечерва било нападнато студиото и редакцијата на Инфомакс – затоа изразувам целосна поддршка за новинарите кои НЕ СМЕАТ да бидат предмет на напади поради начинот на кој што работат и што артикулираат во јавноста.

‼️ПОЛИТИЧКОТО НАСИЛСТВО е логичен след на настани кои ги потикнува АВТОРИТАРНОТО владеење на ВМРО-ДПМНЕ!

Од искуството како нивен противник во вториот круг за Скопје, на разговори со претставници на ОБСЕ нагласив дека сум загрижен дека следната етапа е политичко насилство, бидејќи така укажува односот на ПРЕМИЕРОТ и неговата партија кон политичките неистомисленици, т.е. нивната инклинација за користење на сите методи, без морални и етички граници. ВМРО-ДПМНЕ ОХРАБРУВА НАСИЛСТВО!

И еве го настанот, многу скоро по завршувањето на изборите. Само ќе им порачаме дека во Скопје се случи мобилизација против нив, на многу различни групи луѓе, во многу брз период од стапување на власт. И во нивен речник: најдоброто допрва доаѓа! – напиша Амар Мециновиќ.

По она што го демонстрира вмрото во една ипол година власт и случувањата на вчерашната анкетна комисија, имам само еден заклучок – НЕМА ДНО кое не може да го допре безчовечноста која владее во таа партија! Поодвратна, посуетна, поалчна, поманипулативна, понасилничка и ПОНЕСПОСОБНА багра не владеела со Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заканите почнаа да се реализираат“ – Реакции…

Колеги новинари, политичари и граѓани пстрп реагираат…

Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…

Целата приказна со Кочани е доста интересна…

Мециновиќ: Видов многу тага, агонија и неправда…

Ве повикувам сите неопределени, ова е историска…

Мециновиќ: Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ…

Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да…

Тешки муабети со Димитар Апасиев во понеделник!

Во понеделник, 27.10.2025, во „Тешки муабети“ со…