Објавено на:

Закерберг го критикува Маск дека не е сериозен за нивната борба

t

Илон Маск „не е сериозен“ за тепачката и „време е да продолжиме понатаму“, изјави Марк Закерберг. Во објавата на Тредс, шефот на „Мета“ напиша дека му понудил на Маск „вистински состанок“, но тој постојано се оправдувал и откажувал.

Маск претходно објави дека е подготвен да се бори уште „следниот ден“. Милијардерите се согласиле мечот да се одржи во јуни, предизвикувајќи огромно медиумско внимание.

Но, и покрај тоа што со месеци си разменуваат критики, ривалите допрва треба да договорат датум, што предизвикува сомнеж дека борбата некогаш ќе случи. Војната на зборови дополнително се ископлицира со лансирањето на Тредс во јули, откако за помалку од една недела се регистрираа над 100 милиони корисници.

Тој број опадна, а новиот Твитер, Икс, останува удобно пред Тредс со околу 350 милиони корисници. Маск се закани дека ќе го тужи Фејсбук за „незаконско присвојување на трговските тајни на Твитер. Од „Мета“ ги негира тврдењата.

Минатата недела, Закерберг рече дека го предложил 26 август за борбата во кафезот. Но, во петокот италијанскиот министер за култура изјави дека разговарал со Маск за организирање на пресметката во земјата како хуманитарен настан. Маск посочил дека ќе наликува „на антички Рим“.

Меѓутоа, во неделата, шефот на „Мета“ објави на Тредс дека Илон не го потврдил датумот, дека му била потребна операција и дека барал прво да направат тренинг борба во неговиот двор.

„Ако Илон некогаш стане сериозен за вистински датум и официјален настан, тој знае како да дојде до мене. Инаку, време е да продолжиме понатаму. Ќе се фокусирам на натпреварување со луѓе кои сериозно го сфаќаат спортот“, напиша Закерберг.

Маск во одговор на Икс го нарече шефот на Фејсбук „кокошка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…