ЗАКОН И РЕД! Рама со ултиматум: До 31 јули да се отстрани секој материјал што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот на патиштата

t

Албанскиот премиер Еди Рама, упати ултиматум до претприемачите, кои имаат свои бизниси покрај националните патишта, до 31 јули, да отстранат секаков вид материјал, што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот.

Преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека ова треба да биде и законската безбедносна дистанца, порачувајќи дека „ќе има казнени мерки за бизнисите што нема да го испочитуваат рокот”.

-Паралелно со рушење на дивоградбите и ослободување на јавниот простор во населените места, започнаа напорите за ослободување на националните патишта од различните видови бизниси по должината на патот. Бизнисите по должината на сегментите од патот имаат рок до 31 јули да отстранат секаков вид материјал што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот, што е и законската безбедносна дистанца – со исклучок на зградите изградени со дозвола, но не и материјалите во нивните дворови, чии огради исто така ќе треба да се повлечат до максимална можна мера, според проектот што подоцна ќе им го достави Агенцијата за патишта, напиша Рама.

Тој објавува фотографија од складиште со градежен материјал како пример дека тоа повеќе нема да се дозволи. Тоа важи и за складови на стари возила и се што го попречува слободното движење и одвивање на сообраќајот.

„Албанија сега чука на вратата на Европската Унија и оваа преодна фаза на вршење економска активност на штета на заедницата и животната средина како целина, како и безбедноста во сообраќајот на националните патишта, особено, треба да се смета за затворена. Од сите и со најголемо национално разбирање, за Албанија 2030 во ЕУ“, нагласува Рама.

По негова наредба акцијата за уривање на дивоградби започна во туристичкото планинско место Тет, каде беа урнати стотина објекти, а во Тирана, речиси целосно е ослободен нелегално запоседнатиот јавен простор пред кафулиња, ресторани, потоа поставени гаражи и други објекти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗАКОН И РЕД! Рама со ултиматум: До…

Албанскиот премиер Еди Рама, упати ултиматум до…

Нуркачки екипи на полицијата и армијата во…

Сè уште трае потрагата по 16-годишното девојче…

„Сами си го барале“ Велосипедистите од Исланд…

По вчерашниот инцидент кога кумановец удри двајца…

Илинденската коњаница ќе јава во чест на…

Денеска во 17 часот пред Спортскиот центар…

Сиљановска пак се сретна со Касами: Спремна…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва, вторпат во изминатава…