Сиљановска пак се сретна со Касами: Спремна сум да одам таму каде што градоначалниците не се од македонска етничка припадност

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва, вторпат во изминатава недела, се сретна со тетовскиот градоначалник Биљал Касами во Општина Тетово, а ја коментираше и темата околу преименувањето на улиците во градот. Таа рече дека добила писмо од граѓани за ова прашање, како и дека ветила дека ќе разговара со Касами.

„Сигурна сум дека штом ме покани мене на ваков настан дека има разбирање и за дилемите што мене ми ги предочуваат и мислам дека тоа ќе се реши така како што треба – граѓански, инклузивно, со консензус. Секогаш велиме дека тоа таканаречено двојно мнозинство и бадентерово мнозинство подеднакво важи и на централно и на локално ниво и дека никој не може да биде и не треба да биде исклучен кога се решава за прашање што директно го засега идентитетот, а со тоа и интегритетот на сите луѓе“, рече претседателката на државата.

Таа рече дека една од причините што е во Тетово е да покаже дека е претседателка не само на граѓаните во Скопје, туку на сите граѓани, без оглед на припадноста.

„Исто така, да покажам и дека сум спремна да одам и таму каде што градоначалниците не се од македонска етничка припадност, бидејќи тоа е ирелевантно за граѓанското општество. Проблемите се исти секаде, ги засегаат сите луѓе и така треба да се однесуваме ние“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, кој минатата недела свика специјална прес-конференција за да кажува колку неговата партија и неговата коалиција направиле за Албанците и за, како што ги нарече, „албанските општини“ (што инаку е главна тема на препукување пред локалните избори во албанскиот политички блок), сега вели дека го има истиот став како претседателката.

„Се работи за именување улици, плоштади, мостови, што е инклузивен процес, но и транспарентен процес, а секој граѓанин на Тетово треба да биде дел од тој процес, што за нас е многу важно. Секој граѓанин на Тетово да има стан, да има куќа со број, со име на улица, да покажеме дека и Тетово е европски град каде граѓаните ќе живеат во модерни, во урбанизирани услови и секој ќе има адреса кај што може да го најдат институциите и пријателите, како што е во било кој европски град“, рече градоначалникот на еден од најзагадените и урбанистички „најсилуваните“ македонски градови.

Претседателката Сиљановска-Давкова заедно со Касами потоа на плоштадот присуствуваа на „македонската музичка вечер“ во рамките на манифестацијата „Тетовско културно лето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…

Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…

Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…

Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…

Русија и Кина ќе продолжат да ја…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…

Македонија го почнува првото генетско пребројување на…

Со почетокот на новата учебна година стартуваше…