Закон кој го блокираа во опозиција, сега ВМРО-ДПМНЕ го предлага на власт
Пред само една година, законот за измена на Законот за игри на среќа беше еден од најжестоко оспоруваните закони во македонската јавност. Тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остро го критикуваше начинот на кој СДСМ и ДУИ го туркаа законот, со европско знаменце по скратена постапка, без јавна расправа и без вклучување на засегнатите страни.
Денес, истиот закон повторно е активиран, но овојпат предложен од Владата предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако се споредат двата предлога, станува јасно дека нема суштински разлики: повторно се предвидува оддалеченост од 500 метри на објектите за игри на среќа од училиштата, се наметнува монополизација на интернет игрите на среќа од страна на државата и повторно се предлагаат повисоки давачки и рестриктивни услови за веќе лиценцираните оператори.
Во 2024 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа овој закон, а против беше и тогашниот партнер во опозицијата Изет Меџити, обвинувајќи ја тогашната власт дека „ги уништува легалните компании и им отвора простор на сомнителни странски оператори“. Денес, како владејачка партија, заедно со своите коалициски партнери од ВЛЕН и ЗНАМ, тие го предлагаат истиот модел на регулатива.
Овој предлог закон е веќе усвоен од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, па додека се очекува тој да се најде на дневен ред во Собранието, дел од јавноста бара поширока расправа за темата, со оглед дека таа засега илјадници работни места и има сериозни економски последици врз државниот буџет.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вчера реагираше со соопштение во кое остро се спротивставува на новата верзија на законот, нарекувајќи го „закана за 10.000 работни места“ и предупредувајќи дека „целата легална индустрија ќе биде затворена преку ноќ“.
Дел од експертите пак, потсетуваат и дека ова прашање не е само правно и економско, туку и од суштински политичко значење, како тест за транспарентноста, доследноста и и демократскиот капацитет на новата влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закон кој го блокираа во опозиција, сега…
Пред само една година, законот за измена…
Над шест милиони евра за сеча на…
Седумдесет и три фирми ќе поделат 6.295.720…
Апасиев предложи Закон со кој на ДПМНЕ…
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев,…
Вили Гајда: „И покрај болеста, дојде времето…
Уставобранителот осуден за 27 април: Повторно во…
Штекли пренесен на Клинички поради неконтактибилност и…
Причината за доцнењето на судењето, како што…