Штекли пренесен на Клинички поради неконтактибилност и дезориентираност – неизвесен почетокот на судењето

t

Причината за доцнењето на судењето, како што соопшти судијата Илија Трпков, е известувањето што Судот го добил од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Имено, како што било наведено во известувањето, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран поради што со болничко возило бил пренесен во Клиничкиот центар на преглед

Наместо во 10 часот, кога беше закажано, почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли и уште девет обвинети за трговија со дрога се очекува да почне со задоцнување од час и половина.

Причината за доцнењето, како што соопшти судијата Илија Трпков, кој го води предметот, е известувањето што Судот го добил од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Имено, како што било наведено во известувањето, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран поради што со болничко возило бил пренесен во Клиничкиот центар на преглед.

„Според известувањето, обвинетиот имал напади и во текот на вчерашниот ден, а денеска бил однесен во здравствена установа”,рече судијата Трпков.

Поради ова, тој го одложи почетокот на рочиштето за по 11 часот, со надеж дека по лекарските прегледи, Трајковски ќе биде спроведен во Основниот кривичен суд Скопје со што би почнало судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…