Заложничка драма на аеродромот во Хамбург

t

Заложничката драма трае повеќе од 12 часа на аеродромот во Хамбург. Локалната полиција посочи дека на аеродромот маж на возраст од 35 години, синоќа со автомобил „ауди“ излегол на пистата пред авионот, при што пукал со огнено оружје, но и фрлил два молотови коктели, додека ја држел својата 4-годишна ќерка како заложник. Кризата започнала во 20 часот и 24 минути, а полицијата околу 23 часот воспоставила контакт со осомничениот.

Локалниот весник Хамбургер морген пост утринава објави дека преговорите на барање на киднаперите се водат на турски јазик со помош на преведувач.

– Таткото и ќерката изгледаат неповредени – изјави портпаролот на полицијата во Хамбург.

Се вели дека полициски хеликоптери кружат околу аеродромот и ја проверуваат ситуацијата.

Надлежните на аеродромот, кој се уште не е во функција, соопштија дека поради заложничката криза се прекинати шест полетувања и 21 слетување, а погодени се вкупно околу 3.200 патници. Некои од патниците кои биле во авионите на пистата морале да останат во авионите до доцна синоќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Нула нови градинки за 4 години во…

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…

НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…

Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…

70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…

70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…

Жената која избоде 18 луѓе во Хамбург…

39-годишнaта жена која синоќа со нож избоде…