Заложничка драма на аеродромот во Хамбург
Заложничката драма трае повеќе од 12 часа на аеродромот во Хамбург. Локалната полиција посочи дека на аеродромот маж на возраст од 35 години, синоќа со автомобил „ауди“ излегол на пистата пред авионот, при што пукал со огнено оружје, но и фрлил два молотови коктели, додека ја држел својата 4-годишна ќерка како заложник. Кризата започнала во 20 часот и 24 минути, а полицијата околу 23 часот воспоставила контакт со осомничениот.
Локалниот весник Хамбургер морген пост утринава објави дека преговорите на барање на киднаперите се водат на турски јазик со помош на преведувач.
– Таткото и ќерката изгледаат неповредени – изјави портпаролот на полицијата во Хамбург.
Се вели дека полициски хеликоптери кружат околу аеродромот и ја проверуваат ситуацијата.
Надлежните на аеродромот, кој се уште не е во функција, соопштија дека поради заложничката криза се прекинати шест полетувања и 21 слетување, а погодени се вкупно околу 3.200 патници. Некои од патниците кои биле во авионите на пистата морале да останат во авионите до доцна синоќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…
Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…