Објавено на:

Заменикот на Си Џипинг присуствува на инаугурацијата на Трамп, веќе се сретнал со Илон Маск

t

Кинескиот потпретседател Хан Женг во неделата се сретнал со Илон Маск во Вашингтон, објавија кинеските државни медиуми.

Во медиумите се појавија шпекулации дека милијардерот би можел да послужи како потенцијален мост меѓу администрацијата на Трамп и кинеските лидери.

Според државната новинска агенција Ксинхуа, Ханг се сретнал со Маск и ги „поздравил“ американските компании, вклучително и Тесла, укажувајќи им „да ја искористат можноста и да ги споделат плодовите од развојот на Кина“.

Во разговорот, кинескиот лидер ги повикал и американските компании да „дадат нов и поголем придонес за поблиски економски и трговски врски меѓу Кина и САД“.

Иако Маск сè уште не ја коментирал средбата, во извештајот се наведува дека тој му рекол на Ханг дека компанијата Тесла е подготвена да ги „продлабочи инвестициите и соработкатата со Кина“ и да одигра позитивна улога во „промовирањето на американско-кинеските економски и трговски интеракции“.

Покрај средбата со Маск, кинескиот потпретседател им се обратил и на „претставниците на американската деловна заедница, вклучително и на оние од американско-кинескиот деловен совет и Американската стопанска комора“, се додава во извештајот.

– Само што разговарав со кинескиот претседател Си Џинпинг. Разговорот беше многу добар и за Кина и за САД. Очекувам дека заедно ќе решиме многу проблеми и тоа веднаш. Разговаравме за балансирање на трговијата, фентанил, TikTok и многу други теми. „Претседателот Си и јас ќе направиме се што е можно за да го направиме светот помирно и побезбедно место“, напиша Трамп во објава на платформата Truth Social минатата недела, објави Форбс.

Кинескиот потпретседател Хан Женг се сретна и со новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс пред инаугурацијата на Трамп, што беше опишано како позитивен чекор.

Ова ја нагласува важноста од одржување на отворени канали за комуникација меѓу Кина и клучните американски претставници.

Ваквите интеракции можат да поттикнат разбирање, без разлика дали во политичката или деловната сфера, и можат да придонесат за постабилни и кооперативни односи меѓу двете земји, гласи заклучокот од средбите на кинескиот потпретседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крстевски: Со месеци трпиме опструкции, за…

Се соочуваме со опструкции од сите страни,…

(Видео) Тепачка во Советот на Општина Кочани!

Советници во Советот на Општина Кочани денеска…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…