Објавено на:

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ, вели Фон дер Лајен

t

На 1 мај 2004 година мојот претходник Романо Проди изговори пророчки зборови дека се спроведува петтото и најголемо проширување во историјата на Унијата, кое и нема да биде последно и беше во право, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на свеченоста по повод 20-годишнината од приемот на 10 нови членки во ЕУ во 2004 година.

– Оттогаш, уште три земји се приклучија на нашата Унија. Денес, желбата да се обедини Европа и да се заокружи нашата Унија е поважна од кога било досега. Западниот Балкан е се поблиску до нас. Донесовме историската одлука да започнеме преговори со Украина и Молдавија, додека и народот на Грузија не ги крие своите европски соништа, порача Фон дер Лајен.

Според неа, приемот на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во ЕУ на 1 мај 2004 година не беше само раѓање на поголема Унија, туку и раѓање на нова ера.

– Тоа беше ноќ на ветување, бидејќи Европа е ветување: ветување дека сите Европејци можат да бидат господари на својата судбина. Ветувањето за слобода и стабилност, мир и просперитет и во 20 години што следеа, ова ветување е исполнето, истакна претседателката на ЕК.

Таа посочи дека овие 10 земји од тогаш значително се трансформираа, нивните економии пораснаа, земјоделско производство се зголеми тројно, а невработеност се намалени за половина.

– Моќта на Европа, заедно со вашата генијалност, донесе вистинско економско чудо во сите ваши земји. На многу различни начини, Европа ве направи посилни. Но, вие исто така ја направивте Европа многу посилна, додаде Фон дер Лајен.

Таа во обраќањето се осврна и на актуелните случувања, нагласувајќи дека она што се случува во Украина засекогаш ќе ја обликува иднината на Унија.

– Не можеме да превидиме и не можеме да занемариме дека Русија претставува егзистенцијална закана не само за Украина, туку и за Европа, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во Украина, тоа не само што ќе ја промени картата на Европа, туку и текот на европската историја.

За да се спречи тоа, според претседателката на ЕК, потребно е Украина да се снабди со средствата што и се потребни за одбрана.

– За да може Европа да ја одреди својата иднината, исто како и пред 20 години, Украина мора да победи, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, Украина го направи својот европски избор, а ЕУ го направи својот украински избор и одлуките што ќе бидат донесени во следните недели, месеци и години ќе ја одредат иднината на Европа.

– Затоа заедно, да останеме обединети. Да останеме силни со Украина. И да останеме амбициозни за проширувањето и реформите. Така уште еднаш ќе го исполниме тоа европско ветување, исто како што направивме пред 20 години. Да живее генерацијата 2004 година. Да живее Европа, заклучи Фон дер Лајен.

На свеченоста се обратија и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, носителите на највисоките државни или владини функции во земјите што станаа членки на ЕУ во 2004 година или нивни претставници, како и членови на актуелните пратенички групи во Европарламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…