Запален автомобилот со кој се возел заменик-директорот на затворот „Идризово“
Возило, што го управувал заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јоунузи, е запалено во Студеничани. Според пријавата во полиција, возилото било запалено вчеравечер, неколку минути по 21 часот. Возилото е службено, од затворот со кој тој раководи.
„Во Полициската станица Драчево, С. Ј. (45) од с. Студеничани, Скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во с. Студеничани било опожарено патничко возило ‘фолксваген пасат караван’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено-поправната установа ‘Затвор Идризово’, а кое претходно тој го паркирал“, велат од МВР за „Макфакс“.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…