Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели во вредност од над 700 илјади денари

t

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.

„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.

Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски…

Запленети се 204 банкноти и монети за…

Кина најавува контрамерки доколку НАТО, под притисок…

Кина ќе преземе решителни контрамерки доколку земјите…

Вака ќе изгледаат бугарските евро-монети!

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард,…

Царина: Откриена царинска измама со увози на…

Царинските инспектори при Секторот за контрола и…

Трамп размислува да воведе дополнителни царини и…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…