Царина: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

t

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари.

Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.

Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…

Со владината одлука за дополнително намалување и…

Поверувала дека е во врска со Барон…

Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…

Откриена голема измама во 15 европски земји:…

Властите од 15 земји разбија голема криминална…