Запознајте го Зиги, новата маскота на ЈП Лајка

t

Зиги е најстариот резидент на ЈП Лајка, но и нова маскота на претпријатието, соопштија од ЈП Лајка.

– Запознајте го Зиги – нашата нова маскота, а воедно и најстариот резидент на ЈП Лајка. Зиги, кој е доказ дека најдобриот пријател и совршениот миленик не мора да е расен и купен, од денес го краси службеното возило на ЈП Лајка и ги едуцира жителите на градот Скопје.

Илустрациите на возилото се изработени од Марјан Димиќ – Мачка, во рамки на проектот “Improving Animal Welfare Through Volunteerism” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

Како дел од проектните активности, започнуваме и со едукативна кампања, преку која ќе се обидеме да ја покренеме свеста кај најмладите за одговорното сопствеништво, како и вдомувањето на бездомни кучиња, а со една цел – да го намалиме бројот на бездомни кучиња по улиците, велат од претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куче нападнало три деца во Крива Паланка,…

Жена од Крива Паланка доби кривична пријава…

Малолетник каснат од куче скитник во училишен…

На 10.02.2025 во 10:20 во Полициската станица…

Почина кученцето кое беше крвнички претепано со…

Почина кучето Феликс кое кон крајот на…

Кривична пријава за 83-годишниот стружанец кој со…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)…

41-годишен маж од Гостивар пукал кон куче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…