Објавено на:

Започна нова војна: Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници

t

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.

Судирите се случија откако Тајланд го повлече својот амбасадор од Камбоџа доцна синоќа и рече дека ќе го протера камбоџанскиот амбасадор во Бангкок откако втор тајландски војник изгуби екстремитет од противпешадиска мина за која Тајланд рече дека неодамна била поставена во спорната гранична област.

Тајландската војска денеска соопшти дека Камбоџа лансирала извидувачки дрон пред да ги испрати своите тешко вооружени војници во спорната област, на околу 360 км од Бангкок.

Портпарол на тајландската војска рече дека камбоџанските сили отвориле оган и дека двајца тајландски војници се ранети.

Сепак, портпарол на камбоџанското Министерство за одбрана рече дека станува збор за неиспровоциран тајландски напад и дека камбоџанските сили дејствувале во самоодбрана.

Воен функционер објави дека Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа.

-Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.

Министерството за образование на Тајланд ги затвори сите училишта во покраината Сурин, која се наоѓа во близина на спорната граница. Министерката за образование Нарумон Пињосинват ги повика службените лица да ја следат ситуацијата и да се координираат со локалните безбедносни сили. Таа рече дека прекинувањето на наставата е превентивна мерка за заштита на учениците, наставниците и училишниот персонал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна нова војна: Тајланд и Камбоџа започнаа…

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и…

Со финансов директор политиколог ЕСМ стана најголем…

Лошите кадровски политики на власта очигледно вродија…

Ким Џонг-ун ги повика севернокорејските војници да…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги повика своите…

За Висар уште нема ништо: Градоначалникот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59),…

Бране Петрушевски во посета на Зоолошка во…

Средба со сенатори од Њу Џерси Денес…