За Висар уште нема ништо: Градоначалникот на Крива Паланка заработи кривична пријава за „несовесно работење во службата“ за изградба на куќа
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, објави 4NEWS.mk
Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат.
Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење.
Третопријавениот, како градоначалник на општина Крива Паланка, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 11 загинати во лавина на планина…
Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…
ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…
Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…
Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…
Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…
Русија и Кина ќе продолжат да ја…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…