Започна пролетната акција на Град Скопје во Гази Баба
Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Гази Баба ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Гази Баба.
Екипите координирано до крајот на оваа недела на терен ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.
Во големата пролетна работна акција во Гази Баба на терен координирано ќе работат екипи на градските јавни претпријатија: Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација, Лајка и Дрисла.
Во рамките на оваа акција, ЈП Комунална хигиена ќе изврши рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации.
ЈП Комунална хигиена и во оваа општина на неколку локации постави и специјални садови за кабаст отпад, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие.
Специјалните садови во општината Гази Баба се поставени на следниве локации:
- Село Стајковци, улица Антон Попов – кај месната заедница;
- Село Црешево, кај чешмата на средината на селото;
- Вардариште, улица Боривоје Милошевски;
- Вардариште, улица Перо Наков (до детското игралиште);
- Село Јурумлери, на влезот на селото (кај бензинската пумпа).
Во рамките на акцијата во оваа општина, теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило ќе работат на булеварот Александар Македонски каде што ќе ги чистат зелените површини од одпадоци и смет, ќе ја кројат вегетацијата, а интензивно ќе се работат и на косење на тревниците. Според утврдениот план со работните активностите следните денови ќе продолжат по должината на булеварот Киро Глигоров, како и на улиците Благоја Стевковски, Коце Металец, Методија Андонов Ченто и улицата 808.
Екипите на ЈП Улици и патишта во општина Гази Баба ќе работат на булеварите Александар Македонски, Киро Глигоров, како и на улиците Методија Андонов Ченто, Благоја Стефковски, Маџари и Перо Наков.
На сообраќајниците ќе се врши санација на оштетувањата во асфалтот (по претходно машинско гребење), санација на оштетените средишни жардиниери, прередување на оштетените бекатон плочи на тротоарите и реконструкција на канализациони шахти.
Екипите коишто се одговорни за одржување на сообраќајната сигнализација ќе вршат контрола и обнова на вертикалната сигнализација, светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници, а ќе се обновува и хоризонталната сигнализација на автобуските постојки во општината.
Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Гази Баба за време на акцијата ќе работи на булеварите Александар Македонски и Киро Глигоров, како и на улиците 16 Македонска бригада, Благоја Стефковски, Методија Андонов Ченто, Коце Металец и Алија Авдовиќ. Екипите на терен ќе вршат рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и фекалните сливници и шахти.
Клучни локации на кои заловувачките тимови на ЈП Лајка ќе постапуваат во општина Гази Баба се: улица Финска во населба Ченто, населба Железара (кај Жито маркет и парк шумата во Железара), во Автокоманда на улица Јани Лукровски и на целата територија на населбата Хиподром.
Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција ќе го прима, складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општина Гази Баба.
Пролетната акција во општина Гази Баба почна денеска, 11-ти април, и ќе трае се до 17-ти април, а потоа екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина што е планирана, каде што на терен ќе ги продолжат активностите на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода, Карпош, Аеродром и општина Гази Баба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…