Заради неексплодирана муниција пожарот кај Криволак не може да се гаси од земја

t

Непристапноста на теренот и можната опасност да експлодира неексплодирана муниција, што е можно да е заостаната од претходни вежби, е причина зошто не може да се пристапи кон гасење на пожарот од земја, изјави вечерва за МИА, м-р Илија Бојаровски од Центар за управување со кризи.

-Од командантот на полигонот сме информирани дека има мобилна екипа од полигонот Криволак, која го надгледува пожарот. Преку Центарот за управување со кризи немаат побарано ангажирање ниту на хеликоптер, ниту на дополнителни сили. Инаку, хеликоптерите имаат работна летечка температура што не дозволува да летаат на високи надворешни температури над 38 степени, а не летаат ноќе заради безбедносни причини. Тоа значи дека при високи надворешни температури при топло време и ноќе, не се дејствува со хеликоптерите на армијата, појасни Бојаровски.

Тој беше дециден дека пожарот се уште не е изгасен, но нема закана по населените места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…

ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…

РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…

Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…

Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на…

Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…