Засилени контроли: Пазарен инспекторат издал две решенија за затворање на маркети
Од страна на Пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.
-Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.
Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
ПАД НА ПРОФИТОТ НА ВИЗЕР откако петтина…
Компанијата Виз Ер објави дека годишниот профит…
Алиса во земјата на чудата – Мицкоски:…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува…