„ЗАСОЛНЕТЕ СЕ, МОЖЕБИ ЌЕ ПАЃААТ ДЕЛОВИ ОД НЕБОТО“ Руски дронови над Романија

t

Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија (ИГСУ) денеска соопшти дека група дронови е забележана во романскиот воздушен простор како се движи кон цели во Украина.

Предупредувачка порака RO-ALERT е испратена до жителите на округот Тулче, каде што околу 2 часот по полноќ била забележана група дронови, пренесуваат локалните медиуми.

„Подрачјата кои Русија има намера да ги нападне се наоѓаат на територијата на Украина, но на мала оддалеченост од границата со Романија, така што постои можност одредени предмети, по одговор на украинската армија на напад, да паднат врз романска територија. Уште еднаш ги информираме луѓето во северниот округ Тулче, но и туристите, дека цели или области на територијата на Романија не биле мета“, соопшти ИГСУ.

ИГСУ во порака до населението апелира на смиреност, а во случај да почнат да паѓаат предмети од воздушниот простор, на мештаните им се советува да се заштитат и да одат во засолништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ЗАСОЛНЕТЕ СЕ, МОЖЕБИ ЌЕ ПАЃААТ ДЕЛОВИ ОД…

Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија…

Зеленски се сретна со Бајден и Харис,…

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на средбата…

Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја…

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека…

Денеска е строг пост, не јадете ништо…

Православните верници денеска го празнуваат Крстовден (Воздвижение…

УХМР со вонредни најави за времето

Сончево и топло време ќе преовладува до…