Затвореник избоден со остар предмет во Идризово, пронајдени и 39 пакувања со дрога
Во Казнено-поправната установа „Идризово“, се регистрирани два инциденти при што во едниот случај затвореник бил повреден со остар предмет, а во другиот биле пронајдени 39 пакувања со дрога.
Во првиот случај, во амбулантното одделение на затворот завчера околу 18:35 часот дошло до физичка пресметка меѓу 28-годишен осуденик од скопско и 41-годишен осуденик од Битола. Според пријавеното, 41-годишникот употребил остар предмет и му нанел повреда на другиот затвореник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Во одделен случај, при извршен претрес врз двајца осуденици, на возраст од 34 и 37 години, биле пронајдени и одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и 14 пакувања со марихуана, односно вкупно 39 пакувања.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на двата случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…