Затворен германскиот конзулат во Инстанбул поради закана од напад
Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.
Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.
Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По Света Софија, во Истанбул, уште една…
По Света Софија, во Истанбул, уште една…
Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите…
Турската полиција интервенираше за да спречи групи…
Населението на Истанбул е побројно од населението…
Населението на Истанбул е побројно од населението…
Турската полиција уапси 25 лица, поврзани со…
Турските власти приведоа 25 осомничени во врска…
Атентат во Истанбул: Се обиделе да убијат…
Турската полиција трага по напаѓачите кои се…