Затворен германскиот конзулат во Инстанбул поради закана од напад
Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.
Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.
Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по…
Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд…
Силна бура го погоди Истанбул, авионите не…
Силна бура го погоди Истанбул денеска, носејќи…
Половина милион луѓе се собраа во Истанбул…
Илјадници луѓе се придружија на новогодишниот собир…
Тројца туристи починаа од труење во Истанбул
Хотел сместен во историскиот центар на Истанбул беше…
Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во…
Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во…