Објавено на:

Захарова: Ако Киев е вмешан во убиството на Дарја Дугина тоа е државен тероризам

t

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи преку социјалните мрежи по смртта на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.

„Руските власти ја истражуваат смртта на Дарја Дугина. Ако се потврди украинската трага, а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР, Денис Пушилин, и мора да биде проверена од властите, тогаш тоа е политика на државен тероризам спроведена од режимот во Киев“, напиша Захарова на Телеграм.

Дугина вчера беше убиена откако експлодираше автомобилот-бомба во кој била таа, а според некои руски медиуми требало да биде и нејзиниот татко, Александар Дугин кој бил и главна цел на нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…

Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…

Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам

Вашингтон е де факто одговорен за нападите…

Захарова: Претставници на политичкото крило на Хамас…

Делегација на политичкото крило на Хамас предводена…

Захарова: Повикот на ОН за деескалација се…

Секретаријатот на ОН, изјавувајќи дека е неопходно…