Објавено на:

Захарова: Преговорите се директни, нема да има никакви посредници

t

Не станува збор за Турција или која било друга земја да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, изјави денеска официјалниот претставник на руското МНР, Марија Захарова.

„Се разбира, ние сме длабоко благодарни на нашите турски пријатели за нивното гостопримство и за создавањето на неопходните удобни услови за работа како домаќини на преговарачката платформа. Сепак, не станува збор за турско или какво било друго посредување“, рече Захарова, според соопштението на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави втора рунда разговори со Украина во Истанбул на 2 јуни, а потоа шефот на делегацијата Владимир Медински треба да и го претстави рускиот меморандум на Украина за сите аспекти за надминување на причините за кризата.

Според Песков, целта на предложените разговори со Украина е да се елиминираат основните причини за конфликтот и да се обезбедат руските интереси.

Кремљ соопшти дека Русија сè уште не добила позитивен одговор од Украина на нејзиниот предлог да одржи разговори во Истанбул на 2 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…