Објавено на:

Захарова за муницијата со осиромашен ураниум: Сетете се на Југославија!

t

Прво британската, а сега и американската муниција со осиромашена муниција ќе ја претвори украинската земја во територија опасна по живот, најави на брифингот портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.


„Сетете се на Југославија. Кој, ако не Кина (се обраќа на кинески новинар), ги знае и се сеќава на последиците од агресијата на НАТО врз Југославија. Ве потсетувам, тогаш беа убиени кинески дипломати кои беа цел на бомбардирањето на НАТО – незаконско, страшно, диво. Захарова го коментираше прашањето за намерата на САД да достават муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Таквата муниција е легитимна цел на руската армија. Еден таков магацин беше уништен во регионот Хмелницки во пролетта оваа година.
Таа потсети дека употребата на муниција со осиромашен ураниум доведува до жртви меѓу цивилното население, меѓу другото и до контаминација на почвата со опасни материи. Но, страдаат и оние кои го применуваат, ќе го почувствуваат и идните генерации кои ќе живеат таму.
Ројтерс, повикувајќи се на високи претставници во Вашингтон, објави дека американската администрација ќе ги објави првите пратки со муниција со осиромашен ураниум во Украина следната недела. По секоја веројатност станува збор за проектили за тенковите „Абрамс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саудиска Арабија планира да збогатува и да…

Саудиска Арабија има намера да ги продава…

Ѓоковиќ: Обнова на Југославија е идеално сценарио

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во интервју за американски…

Седницата на Советот за безбедност на ОН…

За денеска во 15 часот по њујоршко…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Пех: Со нападот на Југославија е уништен…

Војната против Југославија стана застрашувачки „пилот-проект“ на…