За Висар уште нема ништо: Градоначалникот на Крива Паланка заработи кривична пријава за „несовесно работење во службата“ за изградба на куќа

t

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, објави 4NEWS.mk

Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат.

Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење.

Третопријавениот, како градоначалник на општина Крива Паланка, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Висар уште нема ништо: Градоначалникот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59),…

Бране Петрушевски во посета на Зоолошка во…

Средба со сенатори од Њу Џерси Денес…

Активни 5 пожари, 4 се под контрола…

Состојба со пожари на отворен простор изминатото…

Александар Николоски да се јави на главна…

„Албанија не запира“, со овие зборови реагираше…

Власта се плаши од вистината: Мудрите и…

Уште во најстарите цивилизации, пред повеќе од…