За Владата и ЕСМ рестрикции не се опција, вели Ковачевски
Генералниот директор на „Електрани на Македонија“, Васко Ковачевски, вечерва во „360 степени“ на Алсат зборуваше за енергетската криза и за можноста зимава да има рестрикции во снабдувањето со струја.
„Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, рече Ковачевски.
Според Ковачевски, во Владата и ЕСМ рестрикциите „не се опција“.
„Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар“, рече Ковачевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…