За Владата и ЕСМ рестрикции не се опција, вели Ковачевски

t

Генералниот директор на „Електрани на Македонија“, Васко Ковачевски, вечерва во „360 степени“ на Алсат зборуваше за енергетската криза и за можноста зимава да има рестрикции во снабдувањето со струја.

„Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, во Владата и ЕСМ рестрикциите „не се опција“.

„Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар“, рече Ковачевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…

„Владата се избира со мнозинство од 61…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…