За да ги чипира луѓето, Маск пробувал на мајмуни: Им бил осакатен мозокот со експерименти и биле оставени да умрат во страдање

t

Компанијата „Неуралинк“ на светскиот милијардер Илон Маск, која неодамна објави дека се подготвува да тестира микрочипови на луѓе, се најде на удар на Комитетот на лекари за одговорна медицина (PCRM), кој тврди дека мајмуните што се подложени на експерименти поминуваат низ екстремни болки.

Според Комитетот, мајмуните тестирани за мозочни импланти биле подложени на незаконско вознемирување и екстремно страдање. За нивните барања, како и за приложените докази, тие подготвија жалба што се очекува да биде поднесена до Министерството за земјоделство на САД.

Според наводите, „Неуралинк“ и истражувањето поврзано со универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија прекршиле дури девет ставки од Законот за благосостојба на животните во САД, вклучувајќи и прекршување на одредбите за минимизирање на болката и анксиозноста кај животните.

Ова се однесува на 23 мајмуни во сопственост на „Неуралинк“, кои биле сместени во објект на универзитетот „Дејвис“ од 2017 до 2020 година – пишува „Бизнис инсајдер“.

Универзитетот управува со федералните истражувачки капацитети за примати, а ПЦРМ соопшти дека добил повеќе од 700 страници документи, вклучувајќи ветеринарни записи и обдукции. Подносителите наведоа неколку примери што покажуваат дека животните неоправдано страдале, а во еден од нив е документиран мајмун на кој му недостигаат прсти на рацете и нозете.

Џереми Бекам, застапник на истражувањето, вели дека само 7 од 23 мајмуни преживеале и биле префрлени во просториите на „Неуралинк“ откако го прекинале контактот со универзитетот „Дејвис“.

Документите откриваат дека на мајмуните им бил осакатен мозокот во лоши експерименти и биле оставени да умрат во страдање – вели Бекам, кој додава дека не е мистерија зошто Илон и универзитетот сакале да ги чуваат доказите скриени од очите на јавноста.

Маск во декември рече дека се надева дека „Неуралинк“ ќе започне со тестирање на луѓе оваа година, а Бекам признава дека е скептичен во врска со безбедноста на експериментите што треба да се вршат врз луѓе.

Компанијата моментно работи на технологија што со вградување во човечкиот мозок би ја следела и стимулирала неговата активност. Минатата година тие објавија видео на кое се гледа како мајмун ја игра видеоиграта „Понг“ со помош на вграден чип, а ја играше исклучиво користејќи го својот ум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е ужас: Амеба што го „јаде…

Се вдишува преку нос пред да оди…

Нов бисер од Елон Маск за тоа…

Постои една стара изрека, рече Маск -…

Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…

Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…

Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…