За еден ден уапсени седум лица во Скопје

t

На 14.12.2024 во 21.00 часот на Транспортен центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ц.Ш.(47) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил џепна кражба , при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници. Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(18) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Ц.(25) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените…

Државата има намера да направи нов интерактивен…

Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…

ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…

Состојбата кај македонската дипломатија не може да…

300 лекари од Клинички од 1 јули…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…

Иранското нуклеарно познавање не може да биде…

Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не…