Објавено на:

За каменоломот посочен како виновен за ерозијата во Јабланица обвинителството на БиХ отвори предмет

t

Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) отвори случај за каменоломот во Долна Јабланица, откако премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина на прес-конференција рече дека штетата немало да биде толку голема и дека ќе немаше толку многу жртви да не се урнеше каменоломот, кој се наоѓа на падината над ова село.

Никшиќ тврди дека компанијата ги немала сите валидни дозволи за стопанисување со каменоломот.

„Министерката не извести, а доби и информација од кантоналното министерство, дека оваа компанија е формирана во 2001 година, но дека никогаш не била издадена документација за концесија и одобрение за експлоатација“, рече Никшиќ.

Кантоналното обвинителство наведува дека е формиран предмет и е назначен тим од обвинители кои ќе работат на овој случај.

Припадниците на МВР на ХНК, под надзор на обвинителот, ги проверуваат наводите и информациите со цел да се утврдат сите околности под кои се случила оваа трагедија, информираат од кантоналното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инцидент во Зеница: Се степаа младите фудбалери…

Контролниот натпревар меѓу младинските селекции до 16…

Уапсен син на политичар од БиХ –…

Кантоналниот суд во Мостар донесе одлука со…

Шмит: Нема опасност од војна во БиХ

На редовната полугодишна седница на Советот за…

Човечки остатоци пронајдени во котел од термоелектрична…

Увидот во босанската термоелектрична централа „Гацко“ вечерва…

Ден на жалост ќе биде прогласен и…

Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина…