Човечки остатоци пронајдени во котел од термоелектрична централа во БиХ
Увидот во босанската термоелектрична централа „Гацко“ вечерва е завршен, откако денеска еден работник бил пријавен како исчезнат еден од работниците, потврдија од Обвинителството Требиње за босанските медиуми.
„Местото беше детално испитано. Во котелот на термоцентралата се пронајдени остатоци од човечко тело, а на лентата имаше крв“, велат од Обвинителството во Требиње.
Од институцијата велат и дека со ДНК-анализа ќе се утврди дали се работи за работникот кој утрово околу 10 часот исчезнал во термоцентралата.
– Ќе бидат преземени сите мерки и дејствија за да се утврдат сите околности што довеле до овој трагичен настан – изјави за АТВ Срѓан Вукановиќ, портпарол на Обвинителството во Требиње.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…
Реките во БиХ се на работ на…
Долготрајната суша и екстремно високите температури ги…
Телото кое беше пронајдено во близина на…
Телото пронајдено за време на пожарот во…