За ова аминуваа измени на КЗ! Падна „Моќник“ на Милошоски, државата уште ќе им плаќа судски трошоци!
Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека застарува судскиот предмет „Моќник“ во кој е обвинет поранешниот шеф на македонската дипломатија и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со К.бр. 2616/20 од обвинителството означен како „Моќник“, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ во завршните зборови, изврши прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог како и измени во правната квалификација на Кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со кои измени:
Прво обвинетиот М.М. сторил кривично дело Измам од чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 вв со чл. 23 од КЗ,
Второ обвинетиот М.В. сторил кривично дело чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ,
Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ,
Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење согласно чл. 107 ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ.
Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РМ, стои во соопштението на Кривичниот суд.
„Моќник“ е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.
Според, обвинението во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За ова аминуваа измени на КЗ! Падна…
Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека…
Груби: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ навиваа да се…
Да не беше кворумот направен од пратениците…
И студентите од Правен пред влада на…
Студентите од правен факултет денеска најавија протест…
Се шири ли фронтот против корупцијата? Најавен…
Најавен протест против измените во кривичниот законик…
Милошоски се мајтапи со Димитров: Камeлеон без…
Димитров - камелеон без датум и без…