За само една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари, долгот зголемен за нови 630 милиони евра
За само една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари, долгот зголемен за нови 630 милиони евра – Напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година.
Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €.
Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…