За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во Лигата на шампионите!
Вкупно десет гола и еден куп возбудувања понудија првите два четвртфинални дуели од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид и Манчестер Сити ја извадија на површина сета убавина на фудбалот, па можеби и најреално беше нивниот дуел да заврши без победник. Сити два пати беше во водство, Реал еднаш, а мечот на „Бернабе“ заврши 3-3. Идната недела во Манчестер ќе се одлучува кои ќе оди во полуфиналето, а Реал нема добри спомени кога станува збор за натпревари Ал Итихад.
Возбудувањата вечерва почнаа уште во втората минута кога Бернардо Силва го изненади Лунин и го совладаа од голема далечина, од слободен удар. Типично за екипите кои ги води Гвардиола, Сити остана во напад место да се повлече на својата половина, па Реал го искористи тоа и преку Камавинга (или автогол на Диас) и Родриго го направи првиот пресврт на мечот. Со предност на домашниот тим се замина на голем одмор, а потоа во период од пет минути, од 66. до 71., со прекрасните голови на Фоден и Гвардиол, Сити го направи пресврт за свое второ водство. Да нема Сити предност пред реваншот се погрижи Валверде со уште едан еврогол, на десетина минути пред крајот.
Подеднакво интересно, но малку понеефикасно беше во Лондон каде Арсенал и Баерн одиграа 2-2. Сака го отвори резултатот во 12. минута, но до полувремето Баерн преку Гнабри и Кејн направи пресврт и се избори со предност да оди на пауза. „Топчиите“ од пораз ги спаси Тросар во 76. минута.
Реванш натпреварите од овие двомечи се играат на 17 април, на терените на Манчестер Сити и Баерн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Спречен е терористички акт во Австрија,…
Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и…
Макрон: Мора да се направи се, за…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача…
Србија ја совлада Грција и ја продолжува…
Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, се…
Вооружените сили на Русија: Запрено е напредувањето…
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на…
Разбрав дека не ја бива за дебати:…
Кандидатот на Републиканската партија за претседател на…