За сите пцовки и навреди Џафери ќе помине само со опомена?

t

Според актуелните законски решенија, ако пратеник пријави и достави доказ до Комисијата за прекршување на Кодексот, Џафери, најмногу што може, е да добие јавна опомена. Пратениците не можат да ја преиспитуваат неговата способност да ја врши функцијата.

Според актуелните законски решенија, ако пратеник пријави и достави доказ до Комисијата за прекршување на Кодексот, Џафери, најмногу што може, е да добие јавна опомена. Пратениците  не можат да ја преиспитуваат неговата способност да ја врши функцијата, велат познавачите кои повикот го толкуваат како политички маркетинг на опозицијата.

– Ќе почекам да се изјасни претседателот на Комисијата Панчо Минов бидејќи знам дека допрел глас до него за инцидентот на Џафери, па ќе преземам следни чекори – вели за „Слободен печат“ Милошоски.

Милошоски го повикува Минов да ја свика Комисијата

Претходно, Левица побара Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања да изрече јавна опомена и суспензија на Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.

Петковски: Новиот изборен закон е шанса да се променат нештата

Поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски за „Слободен печат“ вели дека во Парламентот, во деведесеттите години од минатиот век имало ригидни, дискриминирачки и навредливи изјави од пратеници, па се предлагало сите избрани и именувани функционери да мора да достават уверение за деловна способност, односно лекарско уверение дека се психички здрави.

– Навреди, дискредитации, па и физички пресметки не се случуваат само кај нас. Во времето на владеењето на Доналд Трамп, здружение на психијатри во САД поднесе иницијатива за одземање на деловната способност на тогашниот претседател на САД, Трамп, откако тој даде неколку навредливи изјави. Иако и кај нас имаше такви идеи во изминативе 20 години, формален предлог за задолжителна проверка на психичката состојба на избраните и на именуваните функционери не беше доставен. Доколку партиите сметаат дека има потреба за утврдување на деловната способност, односно на психичката способност на функционерите, тоа може да предложат сега, бидејќи Министерството за правда најави нов Изборен законик. Само со одредба во Изборниот законик може да се бара уверение за психичкото здравје на функционерите. Во таков случај при прифаќање на кандидатурата за пратеник, министер, шеф на државата, претседател на Собранието, премиер, градоначалници, советници, ќе треба да приложат уверение за психичко здравје. Таков документ, пак, ќе издаваат само надлежни установи и институции – вели Петковски.

Што вели Кодексот

Прашањето за деловната способност односно за психичкото здравје на функционерите и колку се достојни за вршење на функцијата, се отвораше речиси по секој вербален или физички инцидент во Собранието. Вербалниот инцидент на претседателот на Собранието, според Кодексот, спаѓа во „тешки повреди“, што ги третира членот 14 алинеја 4 од Кодексот. Но, за Џафери да одговара за прекршување на Кодексот треба некој од пратениците да достави пријава до собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања. Со пријавата, пратеникот треба да достави и докази со кои се докажува дека е прекршен Кодексот.

Комисијата нема истражна надлежност, туку ги разгледува доказите и носи одлука дали пратеникот сторил повреда на Кодексот и каква. Доколку станува збор за лесна повреда, пратеникот добива опомена, а ако повредата е тешка, пратеникот јавно ќе биде опоменет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…