Објавено на:

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот Сенат Казелати

t

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на парламентарен план, како и силната италијанска поддршка, од периодот на осамостојувањето, така и во сите клучни фази на нашите евроатлантски интеграции, биле разговарани на средбата на претседателот на Собранието Талат Џафери со претседателка на Сенатот на Италијанската Република Мариа Елизабета Алберти Казелати.

Двајцата соговорници, како што информираат од кабинетот на Џафери, ги истакнале сите предности на парламентарната дипломатија – на билатерален и мултилатерален план, кои ќе придонесат кон заеднички пристап на државите во надминувањето на сите предизвици наметнати од пандемијата и војната во Украина, бидејќи последиците се рефлектираат на сите земји подеднакво, и тука не само што е потребна сплотеност на земјите од европскиот континент, туку и на големите светски сили.

Казелати, на средбата со Џафери во рамки на неговата работна посета на Италија, ја поздравила динамичната соработка меѓу двете држави, која се одвива во континуитет со посети на високи државни делегации од двете земји. Италија е земја осведочен пријател на Република С. Македонија, која даваше безрезервна поддршка за зачленувањето на земјата во НАТО. Со членството во НАТО, нашата земја придонесува кон стабилноста на целиот регион на Западен Балкан, а со новиот воен конфликт во срцето на Европа, оваа остварена цел добива силно стратешко значење. Воедно, во контекст на европските интеграции, таа изрази јасно уверување дека претстојниот состанок на Европскиот совет ќе значи чекор напред во однос на приемот на Република С. Македонија во ЕУ, за што Италија дава поддршка во континуитет.

Џафери, се вели во соопштението, се осврна на одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои со потпишувањето на Протоколот за парламентарна соработка меѓу Собранието на Република С. Македонија и Домот на пратеници на Италијанската Република, отвораат нова динамична агенда во насока на креирање на можности за интензивна соработка на парламентарен план. Ја подвлече улогата на Италија како важен политички и економски партнер на Република С. Македонија, а особено значајна за нас е силната италијанска поддршка, како во периодот на осамостојувањето, така и во сите клучни фази на нашите евроатлантски интеграции. Се согласи со претседателката Казелати дека војната што сега беснее во срцето на Европа, која по падот на Берлинскиот ѕид никој не ја очекуваше, ќе остави силни последици по глобалната безбедносна архитектура.

–Сите овие предизвици уште повеќе ја наметнуваат потребата од целосна европска интеграција на Република С. Македонија, но и останатите земји од Западен Балкан и е прашање на кое ЕУ треба многу сериозно да пристапи и да процени дека секое одолговлекување на процесот на проширување ќе значи натамошно влошување на ситуацијата, кое ќе се рефлектира како на економски и енергетски план, така и на политички план, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Во контекст на нашата дијаспора во Италија, која брои речиси 100 000 граѓани, Џафери изразил благодарност за односот кој италијанската држава го има кон неа и укажа на потребата од побрзо завршување на процедурите во двата дома на Италијанскиот парламент во однос на потпишаниот Договор за социјална соработка од 2015 година.

Џафери, исто така, во контекст на претстојното одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, упатил покана до претседателката Казелати да ја посети Република С. Македонија и изразил очекување дека ќе бидат реализирани посети на претседателско и премиерско ниво од италијанска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Службеник на италијанската влада му доставувал расипано…

Неименуван функционер на италијанското Министерство за образование…

Експлозија во хидроелектрана во Италија: Има повредени…

Најмалку четири лица се тешко повредени, а…

(Видео) Детали за кобната сообраќајна несреќа во…

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа…

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…