ЗА УЧЕНИЦИТЕ НЕМА ЗА КИФЛА, затворениците ќе јадат овошни јогурти и германски путер!
Најголемиот затвор во земјава ќе набави 13 тони компири и 8 тони грав. За затворениците ќе има и 260.000 јајца А класа, а најголема ставка е јогуртот со 80.000 евра. За 1,5 тони германски путер затворската управа ќе издвои 28.000 евра, а за пудинг 35.000 евра. Топтан за цела година тендерот за храна на затворениците вреди речиси 1,1 милиони евра
Казнено-поправниот дом „ИдИризово“, најголемиот затвор во Македонија, ќе набави храна за затворениците во вкупна вредност од 1,2 милиони евра. На листата има повеќе од 150 продукти меса, зеленчуци, овошје, маренда и други додатоци на исхраната за кои „Идризово“ избрал една од шесте понуди. Тендерот е јавен и е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/124ba6b8-e06d-437c-a800-f204e03c78c1 а добитник на набавката е скопската фирма „Фодулмак“.
Најголема поединечна ставка е трошокот за јогурт за затворениците која изнесува 80.000 евра за цела година. Меѓу највредните поединечни ставки се останатите млечни производи меѓу кои се српското сирење за 67.000 евра исто како и словенечката павлака.
Значајна ставка е и таа наменета за набавка на јајца. За нив затворот ќе издвои 41.000 евра. Сумата е наменета за набавка на 260.000 јајца од А класа.
На месното мени во затворот „Идризово“ и неговото отворено одделение во Велес ќе бидат најзастапени говедското, јунешкото и пилешкото месо. Се разбира од асортиманот на замрзнати месни обработки. За набака на говедско замрзнато месо се наменети 44.000 евра, за јунешки колбаси 33.600 евра и пилешки стек околу 32.000 евра.
На менито има и риба и тука најчесто ќе се јаде конзервирана сардина за која затворот ќе плати 27.600 евра.
Од зеленчуците главни ќе бидат гравот за 28.600 евра набавен од Киргистан и домашниот компир за 11.800 евра. Затворската управа ќе набави 13 тони компир и 8 тони грав.
За затворениците има и десерти. На германски млечен пудинг со различни ароми ќе бидат потрошени 35.000 евра, ќе се набави мешан мармалад за 14.500 евра, а управата не штеди ниту на германски путер. Ќе набави 1,5 тони за кои ќе издвои 28.000 евра од буџетот.
На лагер ќе има и овошје. Јаболка, банани, лимони, портокали па и сливи со семка. Бананите носат најголем од овошниот буџет и на нив се планирани 8.900 евра.Од другите позначајни ставки секако тука е „неговото височество“ зејтинот т.е. маслото за јадење. За него се наменети 19.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…
Пандов за Инфомакс: Одговорно тврдам дека не…
- Одговорно тврдам дека не сум предложил…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…
Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…
Општина Карпош ги награди првенците на генерацијата
Согласно планираната Програма на Одделението за образование…