За уши ќе ги тегне Мицкоски: Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра
Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра. Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра.
Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше утврдено дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела. После тоа, против него беа покренати низа обвиненија и нови истраги за злоупотреба на службената положба.
Мерко е исто така на американската црна листа поради овие сомневања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…