За што се спрема соседната земја? Србија објави оглас за доброволно служење на воен рок!
Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок трае до крајот на ноември, јави дописникот на МИА од Белград.
Пријавата за доброволно служење воен рок и воено стручно оспособување за резервни офицери може да се поднесе во сите подружници на Поштата Србија, на порталот за е-Управа, како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешните воени отсеци.
Младите мажи и жени кои ќе одлучат доброволно да го отслужат воениот рок во Војската на Србија, покрај можноста за стекнување нови вештини, ќе се запознаат со современото вооружување и воена опрема, ќе добиваат и месечна плата во износ од околу 38.000 динари (324 евра), ќе им биде обезбеден надомест на патни трошоци, здравствено осигурување, сместување, храна, како и воена облека и обувки.
Исто така, по завршувањето на воениот рок, на заинтересираните млади и девојки им се дава можност веднаш по забрзана постапка да стапат во служба во професионална воена служба во Војската на Србија.
И министерот за одбрана Милош Вучевиќ ги повика момчињата и девојките на возраст од 19 до 30 години да се пријават.
-Момчињата и девојките кои сакаат да служат воен рок во строј, покрај нови знаења и вештини, ќе добијат и патни трошоци, здравствена заштита, сместување, храна, воена облека и обувки, а ќе добиваат и месечна плата од околу 38.000 динари По отслужувањето на воениот рок тие можат веднаш да стапат во професионална воена служба, објави Вучевиќ на Инстаграм
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спектакуларен дочек на српските олимпијци во Белград
Српските спортисти кои се вратија со медали…
Вучиќ на средба со српските олимпијци: Се…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва ги…
(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…
„Македонско девојче“ беше една од песните со…
Дачиќ: МВР овозможи непречено одвивање на железничкиот…
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…
Вучиќ најави обраќање во 11 часот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе им…