За 10 години најмалку 500.000 Албанци ја напуштиле Албанија: Голем дел заминале во Германија
Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година. Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.
Германија е една од земјите која е најпосакувана дестинација за албанските имигранти.
– Во соопштение пред неколку дена, германската амбасада најави олеснување на процедурите за голем број струки, како лекари, медицински сестри, дадилки за деца, квалификувани работници. Сега секојдневна слика пред амбасадата се долгите редици луѓе кои чекаат да добијат работна виза или за спојување со семејството, јави Њуз24.
Меѓу оние кои чекаат да аплицираат е и човек кој веќе пет години е разделен од сопругата која живее во Германија и е вработена како готвач. Според него, една од причините за заминување се тешките услови во кои се наоѓа државата.
За социологот Гзим Туши, заминувањето на албанските граѓани, пред се млади луѓе, се случува од повеќе причини, главно поради немањето перспектива за иднината.
Тој подвлекува дека државата треба да следи други политики за да ги мотивира младите да останат во својата земја.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…
Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…
Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа,…