За 20 дена АНБ ќе има нов директор!
За 20 дена од денеска АНБ ќе има нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски, но не прецизира дали директорот Виктор Димовски ќе понесе одговорност за случајот со македонското државјанство за Олександр Онишченко. Инаку Димовски веќе има добиено агреман за амбасадор на македонија во Франција.
– Владата донесе заклучок за отпочнување активности за одземање на доделеното државјанство. Дополнителни информации од затворена седница на Влада не може да се споделуваат, бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години. Се она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата што се води во АНБ врз основа на нивни процедури и тоа што ќе следи согласно процедурите ќе биде споделено со јавноста. Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денеска ќе има нов директор на Агенцијата – изјави Ковачевски на новинарско прашање дали осве началниците и директорот Димовски ќе понесе одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОВА Е РОБУС(Т)НО ОБВИНИТЕЛСТВО! Отфрлена кривичната пријава…
ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави за…
Скоро ќе има одлука за предметот за…
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за…
(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…
Попладнево во полициска станица во Центар, на…
Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…
Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…
АНБ тестираше неколку вработени на полиграф
Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски…