За 24 часа расчистен обид за убиство во Скопје
За 24 часа расчистен обид за убиство во Скопје.
Во врска со кривично-правен настан случен на ден 08.03.2024 година околу 19:00 часот каде што лицето М. А. (32) од Скопје е нападнато од 5 НН лица при што истото се здобило со 10 убодни рани од нож и расекотини во пределот на градите, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје сторителите се откриени и приведени и утврдено е дека се работи за лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. и Ј.Б.
На ден 09.03.2024 година во просториите на Единица за насилен криминал извршен е разговор со лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. за кои разговори се сочинети службени белешки, додека лицето Ј. Б. во моментот е недостапен за органите на прогонот.
Од страна на полициски службеници од ЕНК и полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар извршена е дополнителна претрага на лице место каде што подигнати се брис од трага слична на крв и шрафцигер со сина рачка.
Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава за кривично дело “Убиство“ во обид, предвидено и казниво по член 123 вв член 19 од КЗ против сите пет лица. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Х. Е., С.Е им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата Б. Е., И.Е определена им е мерка домашен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…